Saturday ,20 April 2024
Последни:
Home > РК Вардар > Прв Тим > Алушовски: Покажавме победнички карактер – Кантегрел: Се надевам дека ќе победуваме и на следните натпревари
Алушовски: Покажавме победнички карактер – Кантегрел: Се надевам дека ќе победуваме и на следните натпревари

Алушовски: Покажавме победнички карактер – Кантегрел: Се надевам дека ќе победуваме и на следните натпревари

Вардар стигна до втората победа во Лигата на Шампионите, откако вечерва во С.Ц. Јане Сандански го победи тимот на Елверум (32:35). Иако на пет минути пред крајот имавме негатива од два гола, сепак вардарци покажаа карактер и во последните минути од дуелот го свртија резултатот во своја корист. Ова е важен триумф за црвено-црните кој ќе им ја подигне самодовербата во продолжение од сезоната.

После завршување на натпреварот своите впечатоци ги споделија Алушовски и Кантегрел.

„Најпрво, би сакал да му честитам на Елверум. Моите момци дојдоа до втора победа во ЛШ. Мислам дека бевме поприсебни во клучните моменти, можеби и малку поискусни од ракометарите на Елверум во вакви моменти и можеби и малку посреќни. Отворивме многу лошо, ако не се лажам со 11 промашени чисти шутеви во првото полувреме, нивниот голман беше расположен и на паузата имавме минус три. Го одигравме второто полувреме до последниот атом и честитки за сите играчи. Она што го покажавме во последните пет минути е за респект. Тоа е нашиот победнички карактер“, изјави Алушовски.

„Најпрво, сакам да кажам збор за Алфредо Кинтана од Порто кој доживеа срцев удар. Се надевам дека голманот ќе ја добие животната битка. Што се однесува до мечот, се боревме до крај на мечот и дојдовме до тежок триумф издвојуван на крајот. Се мрднавме од последното место во групата и се надевам дека ќе освоиме уште повеќе бодови на следните натпревари. Честитки за Елверум, сигурно е тешко да се игра двапати надвор од дома, истакна Кантегрел.