Friday ,29 March 2024
Последни:
Home > Останати спортови > Кошарка > ЖКК Вардар тргна триумфално во 2021, совладан МЗТ Скопје
ЖКК Вардар тргна триумфално во 2021, совладан МЗТ Скопје

ЖКК Вардар тргна триумфално во 2021, совладан МЗТ Скопје

Вчера црвено-црните дами на Жаклина Стојановска го одиграа првиот дуел во 2021 година. ЖКК Вардар ќе ја пречека екипата на ЖКК МЗТ Скопје Аеродром.

Иако на овој дуел настапивме ослабени за неиграњето на Петрушевска и Пејковска го исконтролиравме дуелот и дојдовме до победа. Стојановска во поголем дел од натпреварот користеше помлади кошаркарки со цел да ги подготви за викендов кога девојките до 17 години на Вардар ги очекуваат европски предизвици. На одмор заминавме со минимална разлика, водевме со 45-43.

Во текот на вториот дел на напреварот кој се одигра во малата сала при СЦ „Кале“ ние доминиравме и успеавме да додадеме 17 поена позитива победувајќи со 19.коша повеќе од тимот на МЗТ Скопје. Победата дојде со резултат 84-65.