Saturday ,20 April 2024
Последни:
Home > Комити > Комити: Вардар ќе живее се додека не има нас сплотени, затоа што тоа е наша единствена цел
Комити: Вардар ќе живее се додека не има нас сплотени, затоа што тоа е наша единствена цел

Комити: Вардар ќе живее се додека не има нас сплотени, затоа што тоа е наша единствена цел

Навивачката група „Комити“ преку својата официјална страна извести дека во финална фаза е акцијата „Купи билет, за спас на ФК Вардар“. Тие повикуваат да се реализираат средствата за оние на кои беа наменети, а тоа е фудбалскиот клуб Вардар.

Ви го пренесуваме во целост нивното соопштение:

-Дојдовме до финалето на се она што ние но и заедно со вас го правевме. Повикуваме да се реализира ветеното и средствата собрани од акцијата, „Купи билет за спас на Вардар“ да завршат кај оние кои најдирекно беа и се вклучени во нашата заедничка борба.
Воедно ве информираме дека ги изработуваме Сертификатите како доказ за вашето активно учество. Вардар ќе живее се додека не има нас сплотени, затоа што тоа е наша единствена цел.
Ви Благодариме затоа што сте со нас, и бидете така сеуште, затоа што конечната победа не е сеуште дојдена, и мора да се бориме за да дојдеме до неа.