Tuesday ,13 April 2021
Последни:
Home > РК Вардар > Прв Тим > (ВИДЕО) Вардарци стигнаа до победа, но имаа и атрактивни голови
(ВИДЕО) Вардарци стигнаа до победа, но имаа и атрактивни голови

(ВИДЕО) Вардарци стигнаа до победа, но имаа и атрактивни голови

Вардар стигна до втората победа во групната фаза од Лигата на Шампионите. На натпреварот на кој ние бевме условно како гостин успеавме да го победиме тимот на Елверум со резултат 32:35.

На овој дуел, играчите на нашиот шампион изведоа неколку добри акции кои беа препознаени од медија тимот на ЕХФ.

Уште во втората минута од дуелот постигнуваме атрактивен гол, Калараш се фрли пожртвувано по топката која интересно стигна до Чупиќ, кој асистира до Георгиевски кој го постигна првиот гол на мечот. Овој погодок погледнете го на следниов линк.

Стана навика да гледаме мајсториски голови од Дибиров, така беше и на овој дуел, кој изведел одлична вртенка совладувајќи го противничкиот голман. Атрактивниот гол на Дибиров можете да го видите на овој линк.

Уште еден гол на вардарци се најде во изборот на ЕХФ за овој дуел со норвешкиот шампион. Гаџа додаде до пикер на Стоилов, кој несебично го проигра Талески кој успеа да реализира. Одличната акција на вардарци погледнете ја на следниов линк.