Thursday ,28 March 2024
Последни:
Home > РК Вардар > Прв Тим > (ВИДЕО) Голманите „клучни“ за вториот триумф, Кантегрел бранеше кога противникот беше во налет
(ВИДЕО) Голманите „клучни“ за вториот триумф, Кантегрел бранеше кога противникот беше во налет

(ВИДЕО) Голманите „клучни“ за вториот триумф, Кантегрел бранеше кога противникот беше во налет

Голманите на Вардар повторно се покажаа како „клучни“ во освојување на бодови во ЛШ. Ако на претходниот дуел со Елверум заслуга имаше одличниот млад голман Марко Кизиќ кој мечот го заврши со вкупно 12 интервенции, на вчерашниот дуел неколку важни и можеби решавачки одбрани за триумфот на црвено-црните имаше французинот Робин Кантегрел.

Во моменти кога Вардар имаше 1-2 гола негатива и тоа во завршните десет минути од натпреварот, Кантегрел имаше пет одлични одбрани, со кои не му дозволи на противникот во тие моменти да се одлепи и на поголема разлика од три гола, што можеби и ќе беа недостижни за вардарци до крајот на дуелот.

Неговите одбрани како да беа поттик, за пресвртот кој го направи нашиот шампион, кој имаше два гола негатива на пет минути пред крајот, за да славиме со резултат 32:35.

Кизиќ го започна мечот на голот и тој имаше свој придонес, односно во отсуство на Борко, нашите два голмани собраа по 5 одбрани.

Одбраните на Кантегрел можете да ги погледнете на линкот, ТУКА.