ЖРК Вардар вчера гостуваше кај екипата на РК Чаир на првиот пријателски дуел за нас во оваа 2021 година. Девојките на Ристова и Царчев одиграа добар контролен дуел на кој водеа со пет гола во првиот дел, на крајот победивме со минимални 28:29.
Вардарки одлично го започнаа првиот период од напреварот. Ние доминиравме на теренот постојано бевме на чекор пред домаќинот. Трајкоска започна фуриозно па ни даваше прилика резултатски да се одлепиме на ова гостување. На одмор помеѓу двата периода заминавме со пет гола позитива на нашето конто, на полувреме водевме со 11:16.
Во вториот дел успеавме да ја исконтролираме предноста и да дојдеме до победа. Ристова им даде шанса на целиот ростер, пробувавме комбинации во вториот дел па имавме и поголем број на технички грешки во нападот во однос на претходниот период, кои ја намалија нашата предност. Победата дојде со минимален резултат, дуелот заврши со 28:29.
Кај нас Трајкоска имаше одличен перформанс одбрани 60% од ударите кон нејзиниот гол, таа впиша 6.одбрани. Галевска стрелаше 5.пати, 4.гола беа дело на Трпевска, три пати стрелаа две девојки, Коцева и пикерот Џатевска. По два погодока имаа: Миноска, Стојановска, Костовиќ, Стефаноска и Ѓорѓиевска. Придонес во победата имаа и останатите два голмана, Илиќ впиша 5.одбрани, Грујовска имаше 2 интервенции.
Следен пријателски напревар е тој со ЖРК Куманово. Истиот е закажан за утре, сабота со почеток во 15-00 во СЦ „Јане Сандански“ во Скопје.