Во сабота, Вардар ќе го одигра и третиот натпревар во рамките на СЕХА-лигата. Првите два ги добивме во своја корист, против екипите на Војводина и Нексе кои ги одигравме на домашен терен.
Ова е прво гостување оваа сезона во СЕХА-лигата, противник е екипата на Мотор Запорожје која исто така се натпреварува во Лигата на Шампионите. Какви се очекувањата од утрешниот натпревар можете да прочитате од изјавата на Георгиевски.
„Не очекува натпревар против Мотор од СЕХА. Овој период имавме многу средби, иако очекувавме вакво темпо, сепак тешко е за нас, но верувам и за другите екипи. Не чека долг пат до Запорожје, сериозен противник. Мотор игра добро и во Лигата на шампионите, трети се во тешка група. Од тоа што можевме да видиме, тие многу трчаат, постигнуваат многу голови и имаат квалитетна екипа. Го гледам како потенцијален противник во осминафиналето во ЛШ. Мора добро да се подготвиме, иако е дуел од раната фаза на СЕХА лигата, секоја победа носи дополнителна самодоверба и подобра атмосфера. Се надевам ќе се спремиме добро и ќе извлечеме добар резултат“,
Дуелот утре вечер стартува во терминот од 21:15 часот со директен пренос на МРТ-1.