Имавме тежок дуел со Елверум, кој и психички и физички нè исцрпе. Малку е времето за да се подготвиме за Мотор. Патуваме за Запорожје преку Истанбул, а денеска ќе имаме тренинг пред дуелот кој е закажан за утре. Мотор е квалитетна екипа, која има забележителни резултати во Лигата на шампионите, а игра модерен и брз ракомет, со многу транзиција и многу трчање. Имаат нов тренер и играчи, кои прераснуваат во носители на играта. Најважно е како ќе се справиме со Маласинскас, кој е мотор на тимот и сè тргнува од него. Не сме без шанси, ќе дадеме максимум за да дојдеме до позитивен резултат-вели Aлушовски.