Двајца наши играчи полусезоната ја завршија без пропшутен натпревар. Тоа се: Дефанзивецот Немања Мијушковиќ кој нема пропуштено натпревар оваа полусезона, тој ги има одиграно сите 18 натпревари, и има запишано еден погодок. Оваа листа ја заокружува Филип Ивановски, нашиот шпиц играч исто така ги има одиграно сите 18 натпревари оваа есен, а има и запишано 7 погодоци зад своето име, и, е втор стрелец во екипата по Дејан Блажевски.
По нив, следуваат четворица наши играчи, кои имаат пропуштено само еден натпревар оваа полусезона а тоа се: Томе Пачовски, Никола Глигоров, Дејан Блажевски и Фелипе. Овие играчи имаат запишано 17 настапи оваа есен.