Thursday ,25 April 2024
Последни:
Home > РК Вардар > Прв Тим > Гонзалес: Влеговме максимално подготвени во овој дуел – Лацковиќ: Се надевам понатаму ќе се сретнеме со Загреб во ЛШ
Гонзалес: Влеговме максимално подготвени во овој дуел – Лацковиќ: Се надевам понатаму ќе се сретнеме со Загреб во ЛШ

Гонзалес: Влеговме максимално подготвени во овој дуел – Лацковиќ: Се надевам понатаму ќе се сретнеме со Загреб во ЛШ

Вечерва во спортскиот центар Јане Сандански се одигра натпревар во сеха-лигата помеѓу екипите на Вардар и Загреб. Црвено-црните беа далеку подобра екипа, која го контролираше резултатот во текот на целиот дуел. На полувреме имавме двоцифрена предност,која успешно ја сочувавме до крајот на дуелот, кој заврши со резултат 33:24. По завршување на мечот, на прес-конференцијата, се обрати нашиот тренер Раул Гонзалес и Блаженко Лацковиќ.

-Загреб има многу тешка сезона, со неколку повредени играчи. На овој дуел немаа многу избор, па некои играчи мораа да играаат на позиции кои не се соодветни за нив. Така на пример Златко Хорват кој е крило, беше принуден на моменти да игра како бек. За разлика од нив, ние влеговме максимално подготвени во овој меч. Игравме добро во двата правци и напад и одбрана. Штербик одлично бранеше, што ни овозможи да постигнеме неколку лесни голови преку контра-напади. Му посакувам среќа понатаму на тренерот Вујовиќ и неговата екипа во натпреварите од сеха и лигата на шампиони, рече Раул Гонзалес.

Нашиот лев бек, Лацковиќ одигра одличен натпревар постигнувајќи пет голови и заедно со Горбок и Циндриќ беа наши најефикасни играчи, во победата против Загреб.

-Влеговме сконцетрирано уште од првите минути, потпомогнати од одличниот Штербик на голот се одалечивме од противникот на солидна позитива. Искористивме неколку грешки на Загреб, за до крајот само да ја зголемуваме преноста. Игравме добро во текот на целиот дуел и заслужено победивме. Се надевам дека до крајот на сезоната ќе се сретнеме со Загреб во лигата на шампиони и на Ф4 во сеха-лигата, изјави Лацковиќ.