Friday ,29 March 2024
Последни:
Home > РК Вардар > Прв Тим > Вујовиќ: Му посакувам многу среќа на Вардар во сеха и лигата на шампиони
Вујовиќ: Му посакувам многу среќа на Вардар во сеха и лигата на шампиони

Вујовиќ: Му посакувам многу среќа на Вардар во сеха и лигата на шампиони

Вечерва во спортскиот центар Јане Сандански се одигра натпревар во сеха-лигата помеѓу екипите на Вардар и Загреб. Црвено-црните беа далеку подобра екипа, која го контролираше резултатот во текот на целиот дуел. На полувреме имавме двоцифрена предност,која успешно ја сочувавме до крајот на дуелот, кој заврши со резултат 33:24. По завршување на мечот, на прес-конференцијата, зборуваа тренерите на двата тима. Вујовиќ призна дека Вардар бил подобар на кој им посакува многу среќа понатаму.

-Најпрво да ве поздравам сите присутни. Што се однесува до натпреварот ние одигравме многу лошо. Вардар уште во првите десет минути успеа да напрви голема разлика, која до крајот на дуелот само ја зголемуваше. Им дадов можност на сите играчи да настапат вечерва, иако ростерот беше многу краток поради некоку повредени играчи, Вардар денес беше далеку подобар и им посакувам многу среќа понатаму во сеха лигата и лигата на шампиони, изјави Вујовиќ на прес-конференцијата.