Вардарци го добија Загреб во дербито на сеха-лигата. Избраниците на Гонзалес беа подобра екипа во текот на целиот меч и сосема заслужено ги освоија бодовите. Во ниту еден момент не беше доведена во прашање нашата победа во овој дуел.
Загреб на својот прв погодок чекаше цели пет минути, кога успеа да намали на 3:1. Златко Хорват успева да намали на 4:2, но од тие моменти црвено-црните прават серија од четири последователни гола за највисока предност од 8:2 во 11 минута. Интересно е тоа што Вујовиќ за само 13 минути игра успеаа на два пати да ги смени своите голмани. Ивиќ и Стевановиќ речиси и да не фатија ништо во првите 20 минута од натпреварот. Напротив нашиот Штербик кој повторно блеска на нашиот гол. Кога Загреб успеваше да ја намали негативата нашиот ракометен шампион одговараше со серија од неколку погодоци во нивната мрежа. При резултат од 10:4, следува нова голеада на нашиот состав за највисоки 15:4 во 20 минута од дуелот. Во тие моменти блескаша Душебаев кој постигна два последователни гола и бомбардерот Сергеј Горбок. Во игра во таборот на противничкиот тим влегоа “поранешните црвено-црни“ Велко Марковски и Добривоје Марковиќ. До крајот на првиот дел успеавме да ја задржиме стекнатата предност и на одмор да заминеме со десет голови предност, или 20:10.
Ова водство го одржувавме и во текот на првите шест минути од второто полувреме. Загреб во продолжение некако успева да заигра подобро и со неколку голови да намали на 22:16. Во следниот напад погодија левите крила во двата тима, Мнасков кај нас, но со иста мерка врати Марковиќ. На голот во вториот дел застана Петар Ангелов, кој го замени повторно супериорниот Штербик. Постигнуваме два погодоци, за повторно да ја вратиме разликата од девет голови, Лацковиќ погоди за 27:18. Во наредниот период се игра гол за гол на двете страни, нашиот состав ја одржува разликата која ги водеше до конечен триумф. Во вториот дел тренерот Гонзалес им даде шанса за настап и на другите ракометари, кои го започнаа мечот на клупата. Конечниот резултат гласеше 33:24.
Најефикасни во нашиот состав беа Лацковиќ, Горбок и Циндриќ со по 5 постигнати голви.
Во наредниов период Вардарци ќе одиграат дури три натпревари во сеха-лигата, на гости против екипите на Војводина, Татран и на домашен терен со Спартак.