Во понеделникот, се играше дуел од 7.коло (2.фаза) од женската одбојкарска лига. Во СЦ “Борис Трајковски“- Скопје (мала сала) екипата на ЖОК Вардар го пречека тимот на ОК Јанта Волеј-Кисела Вода. Станува збор за дерби напревар, помеѓу нас како лидери на табелата и тимот на позицијата зад нас.
Вардарки дојдоа до максимална победа, покажаа дека се супериорен противник. Тие ова дерби го добија со резултат 3:0. Противникот во првиот сет даде солиден отпор, ние го добивме истиот со 25-16. Во следните два сета бевме двојно подобри од девојките од Кисела Вода. Вториот и третиот сет за максимална победа ги добивме со идентични 25:12.
По ова победа и по 13.одиграни рунди на табелата отидовме на плус пет. Црвено-црните дами имаат 36.бода Ј.В Кисела Вода има сега 31 на втората позиција, на третата е тимот на ЖОК Струмица со 28.бода.