Friday ,29 March 2024
Последни:
Home > Uncategorized > Петре Завировски, АК Вардар ретроспектива на настапи…пишува проф. Бошковиќ
Петре Завировски, АК Вардар ретроспектива на настапи…пишува проф. Бошковиќ

Петре Завировски, АК Вардар ретроспектива на настапи…пишува проф. Бошковиќ

Пензионерските денови професорот Мирослав Бошковиќ ги користи за да ни долови епизоди од долгата историја на АК Вардар. Во новото четиво тој пишува за актуелен член на црвено-црниот тим:

Во 2010 година, во редовите на АК “Вардар”, покрај Марко Ивановски, се приклучи уште еден атлетичар, кој ќе остане лојален до денес да ги брани боите на клубот, Петре Завировски. Од својот влез во атлетиката, до денес,води педантна евиденција на своите настапи. За неговите успеси редовно пишува и порталот “Вардар.фанс.мк”. Врза база на оваа документација, се обидовме да направиме една ретроспектива на неговите атлетски настапи за клубот и репрезентацијата на Македонија.

fb_img_1615371705241

Своето деби го имаше како 16 годишно момче, на Скопскиот маратон, во мај 2010 година, во трката на 5 км. Понесен од целокупната атмосфера, во 2011 година, продолжува уште посистематски да тренира под надзор на познатиот тренер проф. Ташко Благоев. Подоцна работел и со Трпе Мартиновски и Тони Насковски. Истата година по втор пат учествува на Скопскиот маратон, во полумаратонската трка, која ја истрча за 1:55,43. Во ноември 2011 година учествува на ноќната улична трка низ улиците на Скопје во чест на 13 ноември. Тогаш го освојува второто место, зад Атанас Анчевски, забележувајќи го својот прв поголем успех во својата кариера.

Следната 2012 година, за Завировски започна мошне успешно. Тогаш ја почувствува првата шампионска титула, во март месец, победувајќи на меморјалниот крос “Методи Веновски Мето” во трката на 2 км. На 10 јуни, Завировски требаше да замине на полагање на државната матура, но тој замина на државното младинско првенство во Охрид, и за прв пат стана шампион на Македонија во трката на 1.500 метри. Од многубројните успеси на Завировски ќе ги спомнеме и неговите настапи во младинска конкуренција: во март, сребро на ДП во крос кантри, април Велигденски крос сребро, август ДП во планинско трчање сребро, септември две победи во купот на Македонија и две втори места за младинци и др. Оваа година, како 18 годишно момче, настапува во полумаратонската трка, која ја истрчал за 1:33,14 , што претставуваше личен најдобар резултат. Во септември настапува на Охридскиот маратон , од Св. Наум до Охрид, во ултра тешката 30 километарската патека која ја истрчал за 2 часа и 41 минута.

fb_img_1615371699724

Новата сезона во 2013 година е одбележана со многу настапи и забележителни резултати. Во март 2013 година, станува државен шампион во крос кантри. Планинското трчање кое стануваше сѐ популарно кај нас, претставуваше мотив и Завировски да се посвети на оваа атлетска дисциплина. Во јуни 2013 година обезбедува пласман на ЕП во планинско трчање во Боровец, Бугарија. Потоа освојува уште една планинска титула на Славеј Планина и пласман на светско првенство во Крањица Здрој, Полска. Во меѓувреме, во април, Завировски трча полумаратон за 1:25,3, a потоа има настап на два маратони од 42 км: мај на Скопски маратон и и во октомври во Градски парк со резултат 3 часа и 26 минути, и е еден од најмладите македонски мратонци кои во една година истрчале два маратони на само 19 годишна возраст. Во септември, прво настапува во квалификациите за куп на 5.000 метри (17:23,0) и победува на младинскиот куп на Македонија на 3.000 и 5.000 метри. Вистински бум направи на ноќната атлетска трка низ улиците на Скопје “13 ноември” на 5 км (16,28,0). На крајот на сезоната постигнува уште една титула во крос кантри. Во 2013 година започнува соработка со боксерскиот шампион Тони Насковски, и како што вели, “ таа ми донесе пресврт во мојата кариера и мошне солидни резултати”

fb_img_1615371715637

2014 година е сезона во која веќе зад себе има 40 тина настапи и доволно искуство. Блеснува во сиот свој сјај и представува сериозна закана за дотогаш непобедливите. Трча одлични трки на АРМ кросот во февруари, Гази Баба Челинџ во март и прави вистински исчекор на државното првенство во полумаратон во април со резултат 1:18,30 со пласман веднаш зад македонските маратонци Кокан Ајановски, Трпе Мартиновски и Игор Јакимовски.

Оваа трка му обезбедува виза на Балканското првенство во Драч Албанија каде трча извонредно и поставува прекрасен резултат за него 1:17,35 на патеката долга 21км. Тогаш блеска целата репрезентација во состав Ристе Лазаров, Игор Јакимовски и Миле Нацев. Победува и на Армискиот крос во касарната во Кичево. Го освојува второто место на државното првенство во крос кантри. Потоа доживува повреда на коленото, и по 3 месеци одново се враќа на 19 јули во трката на 5.000 метри (17:24,0) на државното првенство. Потоа во aвгуст на Славеј Планина уште еден блесок во планинско трчање и добивање виза за Светското првенство во планинско трчање во Касете Ди Маса – Тоскана во Италија, каде достојно ги брани боите на татковината. Уште еден блесок има на Охридскиот маратон во септември, и оваа 30 километарска делница ја минува за 2 часа и 4 минути. Па потоа следи уште еден настап на Арената Филип Втори. Најдолгата стадионска трка 10.000 метри ја минува за 35 минути и 47 секунди. Конечно, сезоната ја завршува со полумаратонот во Подгорица во октомври, каде забележи за него одлични 1 час и 23 минути на полумаратон.

fb_img_1615371719531

Сезоната 2015 ја започнува во февруари со победа на АРМ кросот, а потоа одлична трка во март на Гази Баба Челинџ. Сепак, целиот фокус беше кон Скопскиот маратон кој за жал не се одржа. Завировски продолжува да гази со шампионски галоп и во септември освојува сребро на City park Night првиот ноќен полумаратон во Македонија во организација на Александар Кираџиев. Потоа во септември на Виз Ер 5км трча солидни 17 минути на 5км. Во октомври блеска во Подгорица со 1:19:24 на 21км и освојува сребро на ДП во крос кантри.

fb_img_1615371695767

Сезоната 2016 година ја започнува во февруари со сребро на ДП во крос кантри. По успешната трка на Гази Баба Челинџ, учествува на ДП во плумаратон каде постигнува време 1:19,47 , а во мај на Скопскиот маратон на 21 км. е уште подобар, со време 1:18,51. Првиот дел од сезоната го завршува во јуни на финалето на купот на 5.000 метри во Охрид, на која постигнува време 17:24,0. Во вториот дел од сезоната, ја дели победата со Игор Јакимовски на Born to run во Кавадарци на 10 км. Голем успех постигнува во септември на City Park Night на 21 км. По два дена постави два резултати на својата кариера: 9:32 на 3.000 метри и 16:31 на 5.000 метри. Освен тоа, трча и на 2 миљи со време 10:25,0. Во октомври, во Градскиот парк, забележува победа забележува победа во силна конкуренција со резултат 1:17,29. По извојуваната победа, ја исполнува нормата за Балканско првенство во крос кантри на 8 км. На полумаратонот во Подгорица го постигнува својот најдобар резултат во кариерата со време 1:17,10, на кој настапија балканските звезди и елита од Кенија. На крајот на сезоната достојно ја претставува Македонија на балканското првенство во Ќуприја.

fb_img_1615371702428

Сезоната 2017 ја започнува со победа во Најк Лигата со резултат 17:00 минути. Потоа постигнува уште една победа на Најк лигата. Извонреден успех постигнува во март на Гази Баба Челинџ, во која освојува сребрен медал. Наредниот месец бележи уште една успешна стадионска трка на митингот отварање на сезоната на 3.000 м со време 9:38 минути. Потоа на 8 Септември, Охридскиот 30 километарски маратон од СВ Наум до Охрид го трча за 2 часа и 11 минути. Победува на Најк лигата и во октомври трча за него рекордни 35:30 на 10км на Скопје Трча. Со доста мотивираност настапува во полумаратонската трка во Подгорица со мошне солидно време 1:19:37. Потоа, во ноември трча две одлични ноќни трки во Куманово и Скопје.

Во март 2018 година настапува во полумаратонска трка и постигнува мошне задоволително време 1:22:26. Следната трка беше во мај месец, кога настапи на Скопскиот маратон. Наместо да се радува, во оваа трка заработува тешка повреда на латералната тетива, латералниот менискус и лигаментите на десното колено, по што Завировски го пропушта остатокот од сезоната и паузира цели 11 месеци со хируршки зафати и бројни третмани за санација на повредата.

fb_img_1615371712869

На 6 април 2019 година се враќа со сребрен медал на штафетен полумаратон заедно со Јованче Цаневски и Момчило Ристовски. Потоа трча добро на Скопски маратон на 5км во мај и Охрид Трчат на 5км во Јуни. За уште една добра трка на10 км. во октомври на Скопје трча 39:52.

Следната 2020 е година на пандемија каде се одложуваат речиси сите натпревари. па за првиот настап Завировски чека дури до јуни со трката Хронометар на 10км постигнувајќи време 41:08. Потоа трча во финалето на купот на 1500м и штафетата 4х100 со Дејан, Петков, Влатко Јакимовски и Марко Ивановски. За последна трка да биде Скопски маратон во Октомври и трката на 21км која ја завршува со време 1:33:14.

2021 година ја започна со настапот на кросот на АРМ на 5 км., со резултат 17:53,0 , што може да навести нови успеси на Вардаровиот Бисер.