Вчера во кугланата „Мусандра“ во ГТЦ во дербито Вардар(А) се сретна со тимот на КК ГТЦ Мусандра. Голема и убедлива победа оствари црвено-црниот тим над директниот ривал за првите 3 места во МКЛ и актуелен вицешампион ГТЦ Мусандра во 4-тото коло на МКЛ.
КК Вардар 2014 А го совлада ГТЦ Мусандра со резултат 7:1, ние имавме 18:6 во сетови. Вардарци стигнаа до 3302 „соборени дрва“, а ривалот имаше 28.помалку одноносно, 3174.
Одлична компактна игра на целиот тим, најистакнати поединци Саша Јанковиќ со 563, Дарко Димитровски 560, Коста Ристевски со 555 и значајното засилување Коста Манев кој во комбинација со Зоран Ристиќ срушија 557 кегли.