Две млади фудбалски селекции на Македонија имаат контролни натпревари во претстојниов период.
Македонија У19 под водство на новиот селектор, Влатко Грозданоски се наоѓа во Меѓугорје (БИХ) каде вчера го одигра првиот од двата закажани контролни натревари со соодветната селекција на Босна и Херцеговина. Надежите на Македонија иако први го отворија резултатот, сепак на крајот мораа да се помират со пораз. Босанците го добија првиот пријателски дуел со резултат 2:1.
Сите 90 минути за Македонија ги одиграа единствените двајца вардарци кои се дел од овие натпревари. Се работи за Филип Ѓоргоски и Грегори Давков кои го одиграа целиот натпревар.
Активна со пријателски натпревари е и Македонија У15 на Неџат Шабани. Тие се наоѓаат во Подгорица, каде го одиграа првиот контролен дуел со Црна Гора, од која бевме минимално поразени со резултат 1:0. Настап за оваа селекција имаше вардаровиот напаѓач, Алтин Алији, кој влезе во игра во вториот дел од натпреварот.
Мала исправка, Алији веќе има запишано настапи за Македонија У15, така да ова е нов повик за него во националниот дрес.