Friday ,26 April 2024
Последни:
Home > Останати спортови > Одбојка > Дамите на Вардар со „лекција“ во одбојкарското дерби за ЈВ Кисел Вода
Дамите на Вардар со „лекција“ во одбојкарското дерби за ЈВ Кисел Вода

Дамите на Вардар со „лекција“ во одбојкарското дерби за ЈВ Кисел Вода

Во понеделникот,   се играше дуел од 7.коло (2.фаза) од женската одбојкарска лига. Во СЦ “Борис Трајковски“- Скопје (мала сала) екипата на ЖОК Вардар го пречека тимот на ОК Јанта Волеј-Кисела Вода. Станува збор за дерби напревар, помеѓу нас како лидери на табелата и тимот на позицијата зад нас.

Вардарки дојдоа до максимална победа, покажаа дека се супериорен противник. Тие ова дерби го добија со резултат 3:0. Противникот во првиот сет даде солиден отпор, ние го добивме истиот со 25-16. Во следните два сета бевме двојно подобри од девојките од Кисела Вода. Вториот и третиот сет за максимална победа ги добивме со идентични 25:12.

По ова победа и по 13.одиграни рунди на табелата отидовме на плус пет. Црвено-црните дами имаат 36.бода Ј.В Кисела Вода има сега 31 на втората позиција, на третата е тимот на ЖОК Струмица со 28.бода.