Со оглед на стартот на подготовките на репрезентацијата на Македонија, голем дел од натпреварите од 24.коло од ПМФЛ ќе бидат одиграни во сабота.
Па така и дуелот на Вардар и Шкендија ќе се игра ден порано, односно во сабота од 15 часот. Од овој натпревар ќе има и директен ТВ пренос за сите љубители на фудбалот и ,,црвено – црните” бои.
Вардар досега се нема радувано на победа пролетва, па се надева на прв триумф токму во сабота на овој тежок натпревар.