Tuesday ,16 April 2024
Последни:
Home > ФК Вардар > У-18 > Кадетите се вратија на победите, младинците одиграа без голови во дуелот со Пелистер
Кадетите се вратија на победите, младинците одиграа без голови во дуелот со Пелистер

Кадетите се вратија на победите, младинците одиграа без голови во дуелот со Пелистер

Денес на теренот на Академијата, своето 10 коло го одиграа кадетите и младинците кои беа домаќини на Пелистер.

Кадетите на Вардар на доминантен начин се вратија на победите во лигата, откако на првите два натпревари од пролетниот дел освоија само еден бод. Денес избраниците на Филип Ивановски го победија тимот на Пелистер со резултат 3:1

Уште во 5.минута од натпреварот успеавме да го отвориме резултатот со голот на Антонио Мирков кој од игра од околу 25 метри успеа да го совлада голманот на Пелистер за водство од 1:0. Иако имавме уште неколку шанси во овој дел од натпреварот, сепак гостинската екипа успешно се одбрани. Најголемата беше онаа на Грегори Давков кој биеше од голема далечина, голманот на гостите со крајни напори реагираше, доволно топката да ја погоди пречката и да не заврши во голот. По крајот на првиот дел беа доделени по еден црвен картон на двете страни, кај Вардар исклучување доби Абдулах Хасани.

Сите дилеми за конечниот победник беа решени кога за само три минути, вардарци успеаа да постигнат нови два гола. Најпрво во 55 минута со вториот гол на Мирков поведовме и со 2:0, додека во листата на стрелци во 58 минута се запишува и Георг Стојановски кој зголеми на 3:0 со одличен гол од слободен удар. До крајот на натпреварот, односно во 73 минута гостинот од Битола почесен гол, со кој ги постави конечните 3:1.

Вардар: Стојковски, Јовановски, Давков, Трпезановски, С.Стојановски, Живков, Г.Стојановски, Мирков, Хасани, Ѓоргоски, Давидовски (К).

Во игра влегоа уште и Марковски, Перковски, Ричков и Ивановски.

Младинците на Вардар и Пелистер одиграа без голови 0:0. Вардар имаше неколку шанси на натпреварот кои не ги искористи, па на крајот ги поделивме бодовите со тимот од Битола.

Вардар: Јовчев, Сењанац, Илиев, Радуловиќ-Величковиќ (К), Тасевски, Гугуљанов, Ибраим, Исени, Салиу, Асани, Петејчук. 

Во игра влегоа Мицевски, Каровски, Трајковски, Саит и Исмаиљи.