Saturday ,20 April 2024
Последни:
Home > Останати спортови > Куглање > Куглање: Победа за Вардар (А), пораз за Б-тимот
Куглање: Победа за Вардар (А), пораз за Б-тимот

Куглање: Победа за Вардар (А), пораз за Б-тимот

Викендов, двете црвено-црни кугларски екипи одиграа свои дуели од новото коло во МКЛ. Остваривме една победа и запишавме еден пораз на овие средби.

ЖКК Пелистер Т&С Холдинг беше домаќин на Вардар(А), сосема очекувано дојдовме до победа на оваа средба со дамите. Триумфот го остваривме со 7-1, соборувајќи 3196 „дрва“. Во одлична форма е Саша Јанковиќ, тој имаше најдобар скор во нашиот тим и беше близу до 600-ката, соборувајќи 597 „дрва“.

160997651_259112832357611_2344294190309516614_n

Вардар (Б) гостуваше кај екипата на шампионот Макпетрол, на овој дуел сосема очекувано лидерот на табелата и големиот фаворит за пехар ја оправда улогата. „Пумпашите“ победија со резултат 8-0, кај нас Влатко Стојановски со 530 се истакна како носител на најдобриот резултат во тимот.

88888888888