Денес, 17.март (среда) машкиот и женскиот тим на КК Вардар ќе одигаат првенствени дуели. На двата дуели сме домаќини во нашиот дом, малата сала при СЦ „Кале“ во Скопје.
Момците на Јованчев, ќе бркаат одмазда против тимот на МЗТ Уни банка, екипа која не совлада во Јане Сандански со пресврт. Дуелот е закажан со почеток во 17-00 часот.
ЖКК Вардар ќе игра од 19-15 часот во истата сала. Црвено-црните девојки ќе ја пречекаат екипата на ЖКК Куманово во обид да врзат две победи во низа по неочекуваниот пораз од Баскет Кам.