Friday ,19 April 2024
Последни:
Home > ЖРК Вардар > „Лавиците“, кадетките на Вардар по нова победа кај сениорките на Спартак
„Лавиците“, кадетките на Вардар по нова победа кај сениорките на Спартак

„Лавиците“, кадетките на Вардар по нова победа кај сениорките на Спартак

Кадетскиот состав на ЖРК Вардар  ќе го    одигра својот втор  контролен дуел во 2021 година. Девојките на Платон  Анжела и Марија Папуџиева гостуваат кај тимот на РК Спартак Кисела Вода.

Натпреварот е закажан за денес, среда (17.март) со почеток во 15-00 часот во салата „Круме Кепески“ во  населба Кисела Вода. Ова е дуел број три на нашите „лавици“ и сениорскиот тим на скопскиот cуперлигаш. Во минатите два вардарки доаѓаа до победа, на мечот одигран пред еден месец победивме со високи 38-31, претходно во септември минатата година триумфиравме со 28-29.