Вчера, селекторот Симе Симовски ги собра ракометарките и почна со тренинзите пред борбата за бараж за Светското првенство кое во 2021 година ќе се игра во Шпанија.
Скопје ќе биде домаќин на квалификацискиот турнир, Симовски на тренинзите ќе има на располагање 20 ракометарки. Списокот е веќе познат од претходно, а до денот на натпреварите, изборот ќе треба да се скрати на 16 имиња. Дел од селекцијата е и единствената вардарка, пикерот на црвено-црните, Џатевска Ивана кој вчера го одработи тренингот со остатокот до македонската селекција.
Македонија ќе ги започне натпреварите на 19 март против Исланд ,Литванија (20 март,) и Грција (21 март, ). Првата и втората репрезентација од групата ќе обезбедат место во баражот. Сите натпревари ќе се играат во СЦ „Борис Трајковски“, без присуство на публика.
Фото:24ракомет.мк