Македонската репрезентација до 21 година на 21. март патува за турска Анталија каде што во периодот до 29. март ќе одигра три контролни натпревари, против Казахстан (24. март), Словачка (27. март) и Бугарија (29. март).
Селекторот на македонската репрезентација до 21 година, Благоја Милевски за подготовките во Анталија ќе смета на тројца вардарци.
Се работи за Александар Ѓурковски, Виктор Крстевски и Мартин Радуловиќ-Величковиќ. Сите споменати се дел од сениорскиот тим на Вардар.
ФОТО: Вардар – фото галерија