Friday ,17 May 2024
Последни:
Home > РК Вардар > Прв Тим > Вардар гостува кај Нексе, по триумф во СЕХА-лигата
Вардар гостува кај Нексе, по триумф во СЕХА-лигата

Вардар гостува кај Нексе, по триумф во СЕХА-лигата

После паузата поради репрезентативни настапи, тимот на РК Вардар се враќа на настапите. Денес избраниците на Алушовски гостуваат во Нашице, кај екипата на Нексе.

Вардар нема да настапи комплетен на вечерашниот натпревар против Нексе, со оглед дека со екипата не отпатуваа Јотиќ, Стоилов, Димитриоски и Валчак.

Вардар го доби првиот натпревар на домашен терен, минимално со резултат 27:26. Од конечниот исход на денешниот дуел ќе зависи на која позиција може Вардар да заврши во својата група, односно дали директно ќе се пласираме во четврт-финалето, или ќе започнеме од осмина-финале. Доколку црвено-црните го загубат дуелот во Нашице, пореално е да завршат на третото место во групата и да играат 1/8 финале против Татран Прешов, доколку одиграме со нерешен резултат или триумфираме најверојатно ќе завршиме на втората позиција и 1/4 финале со екипата на Веспрем.

Ова ќе биде 11.меѓусебно соочување на двете екипи, Вардар има позитивен скор од 7 победи и три порази. Денешниот натпревар ќе стартува од 17:00 часот со пренос на МРТ.