Тренерот на ФК Вардар, Никола Илиевски-Џиџи, на последното тестирање испаднал позитивен на корона вирусот.
Вардарци во наредниве денови ќе тренираат без шефот на стручниот штаб, кој би требало да го пропушти и натпреварот против Шкендија, кој на програмата е во сабота.
Во отсуство на Илиевски, со екипата ќе работата неговите помошници, Таневски, Глигоров, Грнчаров и Ивановски.