Friday ,19 April 2024
Последни:
Home > ФК Вардар > У-16 > Само бод за пионерските екипи на ФК Вардар на гостувањето кај Пелистер
Само бод за пионерските екипи на ФК Вардар на гостувањето кај Пелистер

Само бод за пионерските екипи на ФК Вардар на гостувањето кај Пелистер

Пионерските екипи на градскиот стадион „Под Тумбе Кафе“ гостуваа кај екипата на Пелистер во рамките на 10.коло во младинските фудбалски лиги. Помладите пионери одиграа со нерешен резултат, додека пионерите го загубија минимално својот натпревар.

Помладите пионери на ФК Вардар одиграа со нерешен резултат 1:1. Двата гола паднаа во вториот дел од овој натпревар. Најпрво домашниот тим поведе со 1:0 во 60 минута, додека капитенот на Вардар, Никола Величковски во 70 минута успеа да го израмни резултатот на 1:1.

Вардар: Апостоловски, Фидановски, Серафимов, Стојилевски, Кулуковски, Јовановски, Спасиќ, Величковски, Цветков, Кузмановски, Дошев.

Во игра влезе уште и Цикарски Дамјан.

Пионерите на Вардар беа поразени,минимално со резултат 1:0 со погодок од белата точка во 78 минута.

Вардар: Ангелов, Ивановски, Петровски, Каровски, Таневски, Анчевски, Туша, Филиповски, Ричков, Перковски, Хајдари. 

Во игра влегоа и Веселинов, Ибраим и Стојановски.