Вардарци утре гостуваат во Нашице, кај екипата на Нексе, на натпревар од СЕХА-лигата. Тренерот Алушовски се соочува со проблеми околу составување на тимот, со оглед дека ќе недостастуваат неколку повредени ракометари.
Со скратен ростер, црвено-црните ќе се обидат да стигнат на победа кај противникот. Какви се очекувањата на Алушовски прочитаје од неговата изјава.
„Ова ќе биде натпревар кој доаѓа во незгоден момент. Во ЕХФ репрезентативната недела имавме само седум играчи и два голмани и не можевме многу да работиме на тренинг. Имаме проблеми со повредени играчи: Стоилов, Валчак, Димитриоски, Јотиќ. Ќе бидеме со редуциран состав и одиме кај Нексе.
Начинот на игра на Нексе не е сменет, променето е само начинот на транзиција, мали детали се во прашање. Анализиравме и знаеме што е добро. Поразлично е дека помалку играат „седум на шест“ со новиот тренер. Ние сме подготвени на тоа што нè чека. Ќе одиме со 13 играчи и три голмани и ќе се обидеме да се вратиме како победници“
Утрешниот натпревар ќе започне од 17:00 часот.