Friday ,22 November 2024
Последни:
Home > Останати спортови > Атлетика > Прв таргет на Завировски, национално првенство во полумаратон
Прв таргет на Завировски, национално првенство во полумаратон

Прв таргет на Завировски, национално првенство во полумаратон

На 4.aприл со почеток во 9-00 часот во Градскиот Парк во Скопје ќе се оддржи национално првенство на Македонија во полумаратон 21.097км. Според ковид протоколите дозволено е старт на 150 натпреварувачи.

Се трчаат 12 круга,  еден круг има должина од 1751 метри. Патеката поседува национален сертификат. На оваа патека Завировски секогаш трчал одлично. Да потсетиме во 2012.година истрча тогаш за него најдобри во кариерата 1:33:14. Следната, 2013 освои сребрен медал на 42км со време 3:26:26. Во 2014.година блесна со 1:18:30, а  2015г и 2016г освојуваше сребрени медали на City park night организирано од Александар Кираџиев. За да во Октомври 2016г го собори својот личен рекорд и извојува победа со 1:17:29.

Му посакуваме успех на верниот вардарец на национално првенство кое ќе се трча на почетокот на иднот месец.