Се одигра и второто коло во плеј-офот од ракометната машка Супер лига. Вардар ја оправда фаворитската улога и славеше на гостувањето кај екипата на ГРК Охрид, додека најголемото изненадување на колото го приреди тимот на Струга кој успеа да освои бод во дуелот со Металург.
До втора победа дојде и екипата на Еурофарм Пелистер која очекувано го победи Бутел, додека Пролет не дозволи изненадување и славеше против младиот тим на Еурофарм Пелистер 2.
Ова се постигнатите резултати во 2.коло од супер лигата:
Струга – Металург 28:28
Охрид – Вардар 19:23
Еурофарм Пелистер 2 – Тинекс Пролет 21:23
Еурофарм Пелистер – Бутел Скопје 28:23