Во претстојниов период неколку млади фудбалски репрезентации на Македонија ќе бидат активни со одигрување на контролни натпревари. Меѓу нив е и Македонија У17 која во Анталија ќе одигра мечеви со селекцијата на Русија.
Селекторот Драган Канатларовски-Цапар за овие дуели повика и двајца играчи од редовите на Вардар. Се работи за Георг Стојановски и повратникот во репрезентацијата на играчи родени 2004 година, тоа е Марио Ричков.
Првиот натпревар против Русија ќе биде одигран на 27.март, додека вториот дуел е закажан на 29.март.