Thursday ,28 March 2024
Последни:
Home > Останати спортови > Р.Аикидо Вардар работи под „полна пареа“, тренираат на две локации во Н.Лисиче и ул.Козле број.20
Р.Аикидо Вардар работи под „полна пареа“, тренираат на две локации во Н.Лисиче и ул.Козле број.20

Р.Аикидо Вардар работи под „полна пареа“, тренираат на две локации во Н.Лисиче и ул.Козле број.20

Оваа пролет под „полна пареа“  Реал Аикидо клубот Вардар започнува со работа во сала, во двата објекти кои ги поседува за тренинг. Станува збор за објектот на  улица Козле број.20, на 180м2 е распослан вториот дом на црвено-црните аикидо момци и девојки. Одлично структуиран, со се што е потребно и неопходно. Покрај тоа сега тимот е активен и на локацијата каде е препознатлива за нив, салата при  ОУ„Александар Македонски“ во Ново Лисиче.

df

Повторно се работи со несмалена динамика, секој ден освен недела се одржуваат тренинзи, се тренира од понеделник до сабота. Работат со голем интезитет двете возрасни групи, можноста да се приклучуваат нови членови е отворена како и секогаш, во овој тим кој располага со објекти на двете страни на градот и голем број на стучни лица.

df2 df4

Околу стручоста иако е добро познато дека нашиот црвено-црн тим е одлично стручно екипиран да напоменеме за заинтересираните со што кадар располага тимот. Тренинзите ги водат искусни мајстори со интернационални лиценци за реален аикидо, станува збор за: г-н  Антоан Диневски 2ри дан, Антонио Дамјановски 2ри дан и Бојана Диневска 2ри дан. Покрај нив дел од клубот се  асистент тренерите: Кристијан Ранковиќ 1ви данАндреа Диневска 1ви дан и Јосиф Грујоски 1ви дан- детски црн појас.

df111 df3

ТЕРМИНИТЕ И ЛОКАЦИИТЕ НА ТРЕНИНЗИТЕ СЕ СЛЕДНИ:

-Во објектот на улица: Козле број.20 термините се следни:

*Понеделник, среда и петок со почеток во 19-00 и 20-00 часот.
-ОУ„Александар Македонски“ во Ново Лисиче термионите се следни:

*Вторник и четврток  од 19-00 и 20-00 часот, а  сабота од 16-00 часот работат двете возрасни групи.

df6

* Од Вардар за сите заинтересирани велат: Сите  наши тренинзи се од отворен тип,  повелете, дојдете да се дружиме. Уписот    на нови црвено- црни членови се врши на   секој тренинг, без надокнада.
Контакт телелефон: 076- 959- 960.

 FB  Контакт>>>>
https://www.facebook.com/realaikidovardar