Sunday ,28 April 2024
Последни:
Home > ФК Вардар > Прв тим > Никола Илиевски-Џиџи е пренесен на клиника поради компликации од корона вирусот
Никола Илиевски-Џиџи е пренесен на клиника поради компликации од корона вирусот

Никола Илиевски-Џиџи е пренесен на клиника поради компликации од корона вирусот

Шефот на стручниот штаб на ФК Вардар, Никола Илиевски-Џиџи под итно е пренесен на клиника поради компликации со корона вирусот. Тренерот на Вардар испадна позитивен на Ковид-19, со оглед дека поради возрасната категорија спаѓа во ризичните од овој вирус, морал да заврши на клиника.

Навивачката група Комити се огласи на својата официјална страна, со жела за побрзо закрепнување и враќање во тимот.

Во моментов поради компликации со корона вирусот, шефот на стручниот штаб на ФК Вардар е префрлен на клиника.
Му посакуваме добро здравје и што поскоро да се врати покрај тимот, и на Вардар да му го пренесе својот борбен дух. Ќе ни треба во натамошната борба за опстанок.
Издржи Џиџи !