Вчера вечерта на теренот на Академијата, меѓусебен контролен натпревар одиграа генерациите 2007 и 2008 на ФК Вардар. Како победник излезе повозрасниот тим, но помладите дадоа силен отпор и имаа што да покажат на овој дуел. Двајцата тренери, Коцески и Крстев, беа задоволни од прикажаната игра и од залагањето на своите момци.