Генерацијата 2010 на ФК Вардар денес на теренот на Академијата одигра пријателски натпревар со екипата на ФК Бутел. Одличен дуел ни приредија и двете екипи, гледавме борбена игра со желба за надигрување. На крајот како победник излезе тимот на Вардар кој е предводен од Боби Андоновски.
Многу повеќе фотографии од овој натпревар ќе можете да погледнете на нашиот веб сајт во текот на наредниве денови.