Денес на теренот на Академијата, два контролни натпревари со екипата на Академија Пандев одигра генерацијата 2009 на ФК Вардар. Наш гостин беше тимот од Струмица, со кој одигравме одлични и квалитетни натпревари. Двете екипи забележаа по една победа на двата натпревари. Со оглед дека сезонава нема натпревари во детската лига, ваквите дуели се добродојдени за екипите, кои ја одржуваат формата и го подигнуваат нивото на игра.
Многу повеќе фотографии од овие натпревари ќе можете да погледнете на нашиот веб сајт во текот на наредниве денови.