Saturday ,23 November 2024
Последни:
Home > РК Вардар > Прв Тим > Гонзалес: Честитки до Страхиња Милиќ за трите одбранети седмерци
Гонзалес: Честитки до Страхиња Милиќ за трите одбранети седмерци

Гонзалес: Честитки до Страхиња Милиќ за трите одбранети седмерци

Вардарци го одиграа првиот од трите натпревари кои им претстојат во наредниве денови на мини турнејата во сеха лигата. Во Нови Сад совладана беше екипата на Војводина, со резултат 26:31. Противникот одржуваше резултатска неизвесност се до 50 минута, кога црвено-црните со серија од неколку гола го скршија отпорот на противникот. И во средината на првото полувреме имавме пет гола разлика, кои подоцна ги загубивме. По првото полувреме имавме предност од еден гол. Најдобри поединци во нашиот состав беа Тоскиќ со 6 и Душебаев со 5 постигнати голови за само едно полувреме. Можеби тој заедно со Милиќ беа клучните фигури за победата на ова гостување. На прес-конференцијата после мечеот своите впечатоци од дуелот ги изнесоа тренерот Раул Гонзалес и голманот Страхиња Милиќ.

-Екипата на Војводина одигра одличен натпревар. Тие не се откажуваа дури и кога имаа негатива од 4-5 голови. Успеаа да се вратат во игра, најпрво да изедначат, па дури и да го преземат водството. Честитики до нашиот голман Страхиња Милиќ кој успеа да одбрани три удари од седум метри, кратко изјави Гонзалес.

Милиќ по само 10 минути игра го замени Петар Ангелов, кој стартуваше како прв избор на голманската позиција. Српскиот интернационалец одигра клучна улога во овој триумф. Мечот го заврши со 14 успешни интервенции, од кои и три одбранети пенали.

-Ова беше тежок натпревар. Војводина одигра многу добро. Ние не бевме на посакуваното ниво, но сепак забележавме триумф. И посакувам на  Војводина добри резултати во претстојните натпревари, рече Страхиња Милиќ.

Веќе утре продолжуваме со настапите во ова натпреварување. Вардарци продолжија на пат за Словачка, каде ќе одиграат натпревар со екипата на Татран Прешов.