За претстојниов викенд е закажано 13.коло во младинските фудбалски лиги. Вардар за противник го има тимот на Ренова. Во сабота, пионерските екипи гостуваат во Тетово, додека во недела на теренот на Академијата, кадетите и младинците се домаќини на овој противник.
Помладите пионери на Вардар се единствени во својата генерација кои се уште не знаат за пораз сезонава. Оваа екипа се бори за шампионската титула, а како најголем конкурент е тимот на Академија Пандев. Вардарци гостуваат кај Ренова, екипа која се наоѓа на десеттото место со само 10 освоени бодови. Во минатото коло, пионерите на Вардар се вратија на победите, па сигурно дека ќе сакаат да сврзат нови бодови и на гостувањето кај Ренова. Во пионерската лига, нашиот противник котира ниско, или на претпоследното место со 9 освоени бодови. Натпреварите во сабота се закажани да започнат од 12:00 и 14:00 часот.
Кадетите се втората наша генерација која е со шанси да ја освои шампионската титула, а за конкуренти ги има тимовите на Академија Пандев и Победа. Без разлика на составот со кој ќе излезат во недела, кадетите се фаворити на дуелот со Ренова, екипа која е сместена на 11.место со 11 освоени бодови. Младинците на Вардар ја бараат првата пролетна победа, можеби шансата е во недела кога ни гостува екипата на Ренова, противник кој се наоѓа во долниот дел од табелата.