Ракометарите на Вардар го имаа единствениот тренинг пред утрешниот реванш натпревар против екипата на Веспрем. Нашиот тим има голема негатива од 14 гола од првиот натпревар во Скопје, па на утрешниот дуел ќе се обиде да го поправи впечатокот и да стигне до позитивен резултат.
Натпреварот утре се игра од 18:45 часот.