Tuesday ,13 April 2021
Последни:
Home > Uncategorized > Дербито ЖРК Вардар-Чаир на програмата во сабота, совршен момент за одмазда за есенскиот пораз
Дербито ЖРК Вардар-Чаир на програмата во сабота, совршен момент за одмазда за есенскиот пораз

Дербито ЖРК Вардар-Чаир на програмата во сабота, совршен момент за одмазда за есенскиот пораз

ЖРК Вардар го очекува можеби најтешкиот меч  оваа 2021 година досега, дерби мечот со тимот на Чаир. Оваа ракометна пролет играме на високо ниво, имаме четири победи во лигата и една во Купот, односно победивме на сите пет дуела.

Чаир на зимска пауза замина со два бода пред нас, ние по четири пролетни кола го минавме и сме на четири позитива и ја „забетониравме“ позицијата број-3. Нивната предност пред нас највеќе се должеше на есенската победа на домашен терен, кога бевме поразени во финишот. Сега имаме прилика да им се одмаздиме  да ги потиснеме на 4.позиција со високи 7.бода предност пред нив.

Напреварот е закажан за сабота (10.март), во СЦ „Јане Сандански“ во Скопје со почеток во 16:00 часот.