Saturday ,20 April 2024
Последни:
Home > РК Вардар > Прв Тим > Дејвис: Не смееме да се опуштиме, нема да го потцениме Вардар
Дејвис: Не смееме да се опуштиме, нема да го потцениме Вардар

Дејвис: Не смееме да се опуштиме, нема да го потцениме Вардар

Утре, Вардар го игра реванш натпреварот од 1/8 финалето против екипата на Веспрем. Црвено-црните имаат голема негатива од 14 гола од првиот натпревар во Скопје, па само чудо треба да се случи да се елиминира шампионот на Унгарија.

Сепак тренерот на Веспрем, Давид Дејвис, најавува претпазливост на реваншот. Иако неговата екипа има висока предност, Дејвис вели дека не смее да има опуштање.

-Одигравме одличен натпревар во Скопје. Мислам дека некој очекуваше толку голема предност. Најголемиот пораз на Вардар во групната фаза беше со седум голови. Сите аспекти на нашата игра беа добри: напад, одбрана, рамнотежа и контранапад. Навистина сме среќни, но нема да заспиеме. Овој меч трае 120 минути, а сега сме на само половина пат. Треба да ја завршиме работата, нема да го потцениме нашиот ривал, но ќе влеземе во мечот со целосна самодоверба. Ние сакаме да се пласираме во четвртфиналето и да продолжиме со оваа форма и сериозноста. Очекуваме тежок меч како во Скопје.

Натпреварот утре во „Веспрем Арената“ ќе стартува од 18:45 часот.