Одбојкарките на Работнички се изборија за мајсторка во дуелот против екипата на ЖОК Вардар, тие вчера успеаа да изедначат на 1-1 во полуфиналната серија од женскиот шампионат.
Најпрвин вардарки го добија првиот дуел пред четири дена, а вчера тимот на Работнички славеше со 3:1 во сетови со што го израмни резултатот на 1:1 во победи, а воедно се изборија и за решавачки трет меч кој на програмата е во петок
Од другиот полуфинален дуел веќе е познат финалистот, екипата на Јанта Волеј Кисела Вода обезбеди пласман во финалето совладувајќи ја Струмица со 2-0 во дуели.
За во сабота се закажани и првите полуфинални дуели во машка конкуренција во кои ќе се сретнат Универзитет во Тетово и Вардар, односно Џио Струмица и Борец