Friday ,19 April 2024
Последни:
Home > ФК Вардар > У-17 > Македонија У17 и Црна Гора одиграа без голови, настап запишаа Стојановски и Ричков
Македонија У17 и Црна Гора одиграа без голови, настап запишаа Стојановски и Ричков

Македонија У17 и Црна Гора одиграа без голови, настап запишаа Стојановски и Ричков

Македонија У17 во Подгорица го одигра првиот контролен натпревар против соодветната репрезентација на Црна Гора. Натпреварот на овие две репрезентации заврши без голови 0:0.

И двете репрезентации имаа свои шанси, сепак до крајот мрежите мируваа. Во стартниот состав на Македонија која е предводена од Драган Канатларовски се најде Георг Стојановски, додека во игра во второто полувреме влезе и Марио Ричков. Шанса за настап на следниот натпревар ќе чека Стефан Стојановски, кој не влезе во игра на вчерашниот дуел.

Интересно, покрај еден актуелен играч на Вардар, во стартниот состав се најдоа уште седум играчи кои во изминативе години го носеле црвено-црниот дрес. Вториот дуел на овие две репрезентации ќе се одигра во четврток.