Претстојниов викенд на програмата е 26.коло во ПМФЛ. Вардар во недела ќе гостува во Кратово, кај екипата на Силекс. Ова е натпревар за опстанок во најсилната македонска лига, со оглед дека и двете екипи се во долниот дел од табелата.
За главен судија на неделниот натпревар, ФФМ го делегираше Марјан Ецкоски од Охрид. Натпреварот ќе се одигра во терминот од 13:00 часот.