Избраниците на Миле Крстев, генерациите 2008 и 2009 на ФК Вардар одиграа пријателски натпревари.
Најпрво вчера на теренот на Академијата, генерацијата 2008 одигра контролен дуел со екипата на Албарса. Натпреварот им припадна на нашите млади надежи кои забележаа триумф.
Попладнево свој контролен натпревар имаше и генерацијата 2009 на Вардар која за противник го имаше тимот на Форца. На овој дуел до победа стигна екипата на Форца.
Одлични натпревари имаа вардаровите генерации, на натпревари на кои шанса добиваа сите играчи кои беа на располагање.