Saturday ,23 November 2024
Последни:
Home > ФК Вардар > У-17 > Висок пораз за вардаровите пионери на гостувањето кај Ренова
Висок пораз за вардаровите пионери на гостувањето кај Ренова

Висок пораз за вардаровите пионери на гостувањето кај Ренова

Пионерите на ФК Вардар одиграа лош натпревар на гостувањето кај екипата на Ренова. Нашиот состав беше убедливо поразен со резултат 5:1.

Тренерот Стефановски започна со следниве 11-сетмина: Ангелов, Ивановски, Каровски, Љушев (К), Попов, Анчевски, Ибраим, Стојановски, Ричков, Перковски и Стоимов.

2

Лош ден имаа вардаровите пионери кои примија пет гола од екипата на Ренова. Повеќе од погодоците, екипата на Ренова ги постигна после наши грешки, кои на крајот не чинеа висок пораз. Првата прилика за отварање на резултатот ја имаше домашниот тим, но топката заврши крај нашиот гол. Вардар имаше голема прилика да го отвори резултатот, кога Стоимов даде употреблива топка во противничкиот шеснаесетник до Перковски, кој шутираше крај голот од изгледна прилика за Вардар. После силен прецизен удар во 26 минута, домаќинот успеа да поведе со 1:0. После негативата, ние се заканивме преку Стојановски кој од 20-сетина метри биеше над голот, и преку Горазд Попов, кој се најде во ситуација да го загрози голот со глава после нафрлена топка на Ричков, но немаше реализација. После една наша грешка во 44 минута, домаќинот казни и зголеми на 2:0.

1 3 4

На стартот на вториот дел беа направени дури шест измени во нашиот состав, од игра беа повлечени играчите кои утре ќе настапат за кадетите, но и капитенот Љушев кој мораше принудно да го напушти дуелот поради повреда во првиот дел од мечот. Екипата на Ренова го зголеми резултатот на 3:0, откако направија брза контра после наша грешка и одземена топка, дојдоа до голот и реализирааа. Кај нас се закани нововлезениот Михаил Јаневски, но домашниот голман одлично одбрани и спаси намалување на резултатот. Нов идентичен гол како на третиот, повторно постигна противникот, повторно грешка на нашата половина, одземена топка, брза контра за веќе 4:0. Вардар имаше можност да го намали резултатот, кога беше фаулиран Јаневски во шеснаесетникот и судијата покажа на белата точка.

5 6 7 8 9

Сепак Попов не успеа да погоди, односно голманот му одбрани удар од пенал. За поголема предност се погрижи домаќинот кој постигна и петти гол во нашата мрежа, додека ние во последните минути од дуелот успеавме да постигнеме почесен гол преку Михаил Јаневски кој одлично биеше, топката под пречката заврши во мрежата, за конечни 5:1 на овој дуел.

Играа уште и Апостоловски, Јакимовски, Јаневски, Петровски, Туша, Веселинов и Хајдари. Ова е седми пораз сезонава за пионерите на Вардар.