Попладнево во спортската сала во населбата Автокоманда ќе се одигра дербито меѓу екипите на Металург и Вардар. Ова е натпревар од 7.коло во плеј-офот на Супер лигата.
Вардар е фаворит на натпреварот, на кој ќе се обиде да ја продолжи победничката серија која трае од првото коло. Металург игра слабо сезонава, односно под можностите и очекувањата од тимот од Автокоманда, сепак натпреварите со овој противник секогаш носеле посебна неизвесност и пред се голема борба.
РФМ за судии ги делегираше Димитар Митревски и Благојче Тодоровски од Битола, додека делегат ќе биде Русе Наумовски од Скопје. Натпреварот денес е закажан да започне од 15:00 часот.