Friday ,18 October 2024
Последни:
Home > ФК Вардар > Прв тим > Мутибариќ ќе добие спортска пензија и финансиска помош од АМС
Мутибариќ ќе добие спортска пензија и финансиска помош од АМС

Мутибариќ ќе добие спортска пензија и финансиска помош од АМС

Помошта за легендарниот голман Драган Мутибариќ пристигнува од сите страни. До редакцијата на ,,Вардар Фанс” се обратија многу добри луѓе кои сакаат да помогнат.

Директорот на Агенцијата за млади и спорт, Наумче Мојсоски на својата Фејсбук страна објави дека Мутибариќ ќе добие еднократна помош од Агенцијата за млади и спорт.

Спортскиот великан, Драган Мутибариќ заслужил и ќе ја добие поддршката којашто му следува!

Денеска остварив средба Мутибариќ на којашто го информирав дека ќе му биде исплатена еднократната помош преку АМС, но и дека Мутибариќ ќе влезе во системот со цел да се обезбеди трајнo решение за континуирана финансиска поддршка.
.
Не е пријатно, но пред се не е фер, не е хумано да слушне една ваква вест за наша спортска легенда. Токму затоа се заложив за стекнување спортска пензија!
.
Укажав на важноста од една ваква пензија, го свртев вниманието кон спортистите и успеавме!
Денес конечно тоа горливо прашање е решено и наскоро ќе следува пензија за спортистите!
.
Ова се луѓето кои својот живот буквално го посветиле на спортот! Тоа се нашите најголеми и најдобри амбасадори и никако не смеат да бидат заборавени!