Saturday ,23 November 2024
Последни:
Home > РК Вардар > Прв Тим > Младиот битолски тим даде отпор само едно полувреме, Вардар ја продолжи победничката серија
Младиот битолски тим даде отпор само едно полувреме, Вардар ја продолжи победничката серија

Младиот битолски тим даде отпор само едно полувреме, Вардар ја продолжи победничката серија

Вардар стигна и до осмата последовтелна победа во домашното првенство. Попладнево во салата „Боро Чурлевски“ црвено-црните го победија тимот на Еурофарм Пелистер со резултат 26:33.

Неочекувано, Вардар на полувреме имаше негатива од еден гол, односно екипата на Еурофарм Пелистер 2 беше во предност со резултат 16:15. Младиот состав на противникот даде силен отпор и во текот на првото полувреме одржуваше резултатска неизвесност, период во кој и двете екипи се менуваа во водство. Алушовски во нападот започна со Мишевски, Јотиќ, Чупиќ, Дибиров, Георгиевски и Стоилов, додека на голот беше Ристовски. Можеби доколку се одлепивме на три гола разлика, конечниот исход од првите 30 минути ќе беше различен на овој натпревар. Чупиќ не успеа да реализира удар од седум метри за водство од три гола, односно голманот на домашната екипа одбрани. Потоа следуваше и израмнување на 5:5, додека на средина на првиот дел, Еурофарм Пелистер 2 стигна и до предност од 8:7. Брзо ги консолидиравме своите редови, кога со два гола во серија на Дибиров поведовме со 8:9, но и по 25 минути игра, Вардар не успеваше да се одлепи резултатски, на семафорот во таа минута стоеше резултат 12:12. Место да имаме гол предност на полувреме, и тоа не го искористивме. Чупиќ погоди за 14:15, имавме и последен напад за водство, но противникот реализираше во контра напад за резултат 16:15 на полувреме. Вардар не смее да си дозволи тесни натпревари пред се со вакви противници.

Дибиров со гол го отвори второто полувреме за израмнување на 16:16, но противникот врза два гола и поведе со 18:16. Црвено-црните сфатија дека мора сериозно да пристапат доколку сакаат бодовите да завршат во Скопје. Напраивме серија од 0:4, со два гола на Гаџа и по еден на Дибиров и Стоилов, стигнавме до предност од 18:20. На голот застана Кантегрел, кој врза две одбрани, додека Георгиевски погоди и за 18:21 во 38 минута, шпо беше знак за Јовиќ да побара тајмаут. Вардар беше во налет, постигна три нови голови во серија и веќе во 42 минута поведе и со највисоки 18:24, додека домаќинот после 8 минути игра успеа да ја прекине нашата серија и да го намали резултатот. Полека работите околу победникот стануваа јасни, црвено-црните заиграа поангажирано и го свртеа натпреварот во своја корист. Немаше сили домаќинот да се врати во игра, на шест минути пред крајот Вардар стигна и до 22:30 предност, па беше прашање само со каков резултат ќе заврши овој дуел. Конечните резултат гласеше 26:33.

Со оваа вкупно осма последователна победа, Вардар остана лидер во Супер лигата.