Помошта за легендарниот голман Драган Мутибариќ пристигнува од сите страни. До редакцијата на ,,Вардар Фанс” се обратија многу добри луѓе кои сакаат да помогнат.
Директорот на Агенцијата за млади и спорт, Наумче Мојсоски на својата Фејсбук страна објави дека Мутибариќ ќе добие еднократна помош од Агенцијата за млади и спорт.
Спортскиот великан, Драган Мутибариќ заслужил и ќе ја добие поддршката којашто му следува!
Денеска остварив средба Мутибариќ на којашто го информирав дека ќе му биде исплатена еднократната помош преку АМС, но и дека Мутибариќ ќе влезе во системот со цел да се обезбеди трајнo решение за континуирана финансиска поддршка.
.
Не е пријатно, но пред се не е фер, не е хумано да слушне една ваква вест за наша спортска легенда. Токму затоа се заложив за стекнување спортска пензија!
.
Укажав на важноста од една ваква пензија, го свртев вниманието кон спортистите и успеавме!
Денес конечно тоа горливо прашање е решено и наскоро ќе следува пензија за спортистите!
.
Ова се луѓето кои својот живот буквално го посветиле на спортот! Тоа се нашите најголеми и најдобри амбасадори и никако не смеат да бидат заборавени!